Легендата на бразилскиот фудбал Нејмар, откако го доби својот прв син Лука од врската со Каролина Дантас која ја имаше во 2011 година, деновие објави дека ќе стане татко по втор пат, но со друга девојка. Овој пат мајка на неговото дете е Бруна Бјанкарди.
Судејќи по заедничките фотографии на парот, објавени на социјалните мрежи парот е пресреќен поради веста дека за неколку месеци ќе станат родители. За тоа сведочи и коментарот на Брауна, објавен под нивната заедничката фотографија на Инстаграм.
– Го сонувавме твојот живот, го планиравме твоето доаѓање, знаејќи дека ќе бидеш тука да ја заокружиш нашата љубов и да ни ги направиш деновите многу посреќни, вели таа во постот ..
Додека пак Нејмар додаде дека, едвај чека бебето да се приклучи на нивното прекрасно семејство од кое ќе биде многу сакан.
– Дојди брзо синко, едвај те чекаме, напиша фудбалерот.
Подолу, Нејмар го напиша и петтиот стих од Книгата на пророкот Еремија, од Стариот завет:
-Пред да те создадам во утробата, те познавав; и пред да излезеш од утробата, те осветив, објави тој.