Aктуелните шампиони во НБА лигата, Голден Стејт славеа против Сакраменто со 126:125 пред домашните навивачи.

Серијата сега е израмента на 2:2 и се враќа во Сакраменто. Гостите беа предводени од одличниот Де Арон Фокс кој постигна 38 поени, а покрај тоа запиша девет скокови и пет асистенции.

Кај домаќините очекувано најдобар беше Стеф Кари кој постигна 32, додека неговиот соиграч Клеј Томпсон запиша 26 поени. Во последниот напад на Кингси Кари се истакна и со одлична игра во одбраната.

На Истокот Бостон Селтикс го зголемија водството против Атланта. Бостон на гости во „Фарм Арената“ славеше со резултат 121:129. Најдобар кај Атланта беше Трае Јанг со 35 поени, додека кај Селтикси Џејсон Тејтум постигна 31 поен.

Екипата на Миноста успеа да намали на 3:1 против Денвер. По продолженија славеа победа од 114:108. Никола Јокиќ постигна 42 поени, додаде 11 скока и шест асистенции. Минесота беше предводена од Едвардс со 34 поени.