Откако првостепениот суд експресно му пресуди и изрече казна од три години и еден месец затвор на сопственикот на порталот ДоказМ и самопрогласен т.н. новинар Марјан Стаменковски, кој меѓу останатото е осуден за уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем и злоупотреба на лични податоци за што доби и парична казна од 5 илјади евра.
Судот му забрани да регистрира домеин или да биде сопственик на портал следните 10 години, а и порталот требаше да престане да постои бидејќи Стаменковски е негов сопственик. Но истиот сепак се уште „си тера“ како ништо да не било иако до душа, со баеги бајати вести.
По изречувањето на казната, колку тоа сурово и да звучи, на многумина од познатите естрадни личности „им олесни на душата“ зашто познати пејачки, манекенки, мисици, модели, новинар(к)и, ТВ лица… „немаа дерман“ од измислиците и гнасотиите на „великиот новинар“ кои го уриваа нивниот углед и интегритет, ја валкаа нивната личност, нарушуваа приватноста, ги загрозуваа нивните семејни односи…
На ова реагираше до новинарите кои ја поздравиле неговата затворска казна, сопругата на осудениот, Маја Стаменковска, јавно обраќајќи им се: „За жалење се оние кои се ситат на туѓите судбини“ – наслов кој осамна во неколку портали.
Во меѓувреме, откако социјалните мрежи кои претходно зовреа, таман малку се стишаа, госпоѓата на сопственикот на ДоказМ покажа дека е и тоа како активна на истите тие мрежи, меѓудругото не само со својата реакција туку и со нови „заkачки“ со јавните личности.
Меѓу останатите од само нејзе (или ним двете ?) познати причини, на русокосата госпоѓа Стаменковска на мета и е естрадната фолк пејачка Ирена Спасовска.
Фолкерката ја има фатено „на пик“ одпоодамна, зашто ако прочешлате по Фејсбук, ќе налетате на неколку поста со фотографии и нималку „вкусни коментари“ од страна на Стаменковска на сметка на пејачката. Уште од пред две-три години кога ја нарекува така како што напишала…
…А и минатата година, кога фотографиите од теретаната на фолкерката ги „оплеменила“ со „сочни“ или поточно „гна*ни“ коментари, па истите стојат споделени на нејзините фејсбук страници.
Но и после се, по целата афера и првостепената судска пресуда за нејзиниот сопруг и неговиот ДоказМ, Стаменковска продолжила да ја „р’чка“ Ирена Спасовска таму кај што не треба!
Имено, таа на Фејсбук покрај уште една новообјавена фотографија од пејачката споделила коментар: „А, малку и на диетичка?“ – очигледно алудирајќи на килажата на Ирена.
Но, фолкерката овој пат не и премолчи, па реши брутално да и возврати. Спасовска на Стаменковска и прати „соодветен“ одговор со свој коментар под фотографијата и првично напишаното, во кој таа и порачала:
„Јас ослабев, а глупавите си останаа глупави. Тоа што јас кажувам е обична шега, ама Маја си нема работа со 100 евра, нејзиниот 100.000 евра и донесе… За жал, памет со инка на Маја не можам да и ставам. Плаче за кај Марјан, таму сигурно памет ќе и дојде!“ – жестоко и возвратила Ирена Спасовска на Маја Стаменковска во нивната Фејсбук преписка.
Ќе има ли објаснување од каде ваквиот анимозитет меѓу двете русокоси „зачинет“ со „неописива леснотија на неподносливост“ и дали „преписката на сочни навреди“ тука ќе заврши или ќе читаме и „комплименти“ од „третото“ полувреме?