Швајцарската тенисерка легенда Роџер Федерер е во пензија, но ќе се врати на турнирот Вимблдон по специјална покана на организаторите за да му се оддаде признание.
Федерер се повлече од тенисот во месец септември. Зад своето име тој има осум титули на Вимблдон, а директорот Ијан Хјуит потврди дека некогашниот играч ќе биде гостин за да добие почест.
Организаторите на турнирот се уште размислуваат на кој начин да му се заблагодарат на Федерер. Можно е тој да добие своја статуа пред Централниот терен, веднаш до Фред Пери.
Истовремено, се шпекулира дека Федерер може да биде стручен коментатор на Би-Би-Си.