Во недела навечер 75-годишен жител на Драчево во физичка пресметка со три децении помлад маж употребил и електрошок, соопшти МВР во дневниот билтен.
На 07.05.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(44) и С.Т.(75), двајцата од Скопје, при што С.Т.(75) употребил и електрошок.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.