Десет лица се уапсени, а по едно сѐ уште се трага по вчерашната полициска акција во Тетово и Гостивар против група која е осомничена дека извршила сексуална експлоатација на малолетничка и трговија со деца. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека се уапсени три женски и седум машки лица, додека од обвинителството засега не откриваат повеќе детали за да не се попречи во истражните активности.
Засега не се исклучува можноста во случајов да се вмешани повеќе лица, а со тоа и можноста од дополнителни апсења. Повеќе детали од таму најавија дека ќе соопштат во текот на денешниот ден, и се очекува да биде поднесена пријава против 11 лица, од кои едно е во бегство.
Во слична полициска акција, претходно, беа уапсени девет лица, од Тетово, Скопје и Велес, за полова злоупотреба на немоќно лице и за производство и дистрибуција на детска порнографија. За кривичните дела „Трговија со дете“ и „Полова злоупотреба на немоќно лице“ се предвидени затворски казни од најмалку осум години, додека за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ затворска казна од три до пет години.