Попладнево Делчево беше зафатено од силно невреме со пороен дожи и град. Од 16:30 до 18:20 часот градот Делчево беше зафатен со големо невреме (врнежи од дожд и град), каде има поплавено повеќе од 60 објекти во нас. Пролет, ул.Индустриска.

На терен се излезени ТППЕ Делчево и ЈПКД Брегалница со цела нивна екипа, и вршат испумпување на вода од поплавените објекти.

Поголем дел од градот е без снабдување со електрична енергија, јавија од Центарот за управување со кризи.