Во судир на две патнички возила во Хрватска синоќа околу 00:45 часот на патот Д1 загинаа две сестри од селото Каштела. Едната од нив е родена во 1998 година, а другата во 2002 година, пишува Слободна Далмација. Двете се возеле со шкода октавија, а несреќата се случила кога се обиделе да се приклучат на сообраќајот во правец на Сплит.
– Имено, како што дознаваме, тие биле на роденденска прослава во ресторан покрај патот. Кога требало да се вклучат во сообраќајот, во нив удрил мерцедес управуван од 19-годишен возач. Ударот бил толку страшен што автомобилот во кој биле двете сестри бил фрлен најмалку 30 метри, а моторот испаднал, објавија хрватските медиуми.
И додека од силината на ударот несреќните сестри загинале, возачот на мерцедесот се здобил само со полесни повреди. Со оглед на тоа што во состојба на шок бил испратен во болницата во Сплит, бил задржан на набљудување. Истрагата ја спроведе заменик општинскиот државен правобранител со асистенција на полицијата која траеше до 4 часот наутро.
Допрва ќе се утврдува динамиката, дали причината за несреќата е евентуалното невнимание на возачката или пак брзината на мерцедесот била пресудна.