Трагедија се случила минатата сабота во Прокупље, соседна Србија, кога момче вежбало на справа за згибови во помошен објект од семејната куќа. Паднал и го скршил вратот, по што починал.
– Тој ден беше среќен и весел, како и секогаш. Беше ведро дете, никогаш немаше темни мисли. Разговаравме за секакви работи и тој можеше да ни каже сè. Ги воспитавме нашите деца за заедно да ги решаваме проблемите и да им бидеме најдобри пријатели, раскажале низ солзи родителите на момче (16) од Србија кое починало за време на вежбање, пишува Телеграф.рс.
Трагедијата се случила во саботата во 19 часот и 30 минути кога момчето вежбало на справа за згибови во помошниот објект од куќата. Паднал и го скршил вратот.
– Често зборувавме за училиштето. Тоа беше неизбежна тема. Рече дека оди на време и не пропушта настава, но дека има лоши оценки и ќе ги поправи. Пред вежбање му реков „Заврши учебната година. Ако има лоши оценки не смеат да ти влијаат, ќе ги поправиш“ – рекла неговата мајка.
– Се грижеше за своето тело и тренираше. Имаше импровизирана теретана во еден од помошните објекти на нашата куќа каде чуваше опрема за вежбање. Тука беше и шипката за згибови – додаде мајката и нагласи дека ова е несреќен случај.
На погребот беше речиси целото средно училиште во Прокупље во кое учеше.