Пoчина Игор Вилхајм. Познатиот хрватски вокалист, музичар, автор и продуцент ја загуби битката со тешката болест. Имаше 57 години, пишува „Нови лист“.

Беше еден од основачите на поп-рок групата „Идејни Немири“, чија музика го одбележа ријечкиот нов бран. Составот е најпознат по хитот „Бомбе и бонбони“.

Составот е основан 1982 година, а покрај Вилхајм во истиот партиципираа и Давор Ореб (вокал, бас) и Саша Тумара (тапани). Една година подоцна им се придружи клавијатуристот Горан Троха.

Последната деценија Игор беше дел од кантри блуграс-бендот Sarah & The Romans кои се простија од него преку објава на „Фејсбук“.