Видео интервју на Владимир Путин масовно се споделува на социјалните мрежи до таа мера што последниве денови, по саботната „мини-граѓанска војна“, стана вирално. Некои, како украинскиот активист Игор Сушко, сметаат дека неговиот одговор е многу индикативен за тоа што го чека Евгениј Пригожин во наредните денови.

Да потсетиме, откако Пригожин ги предводеше своите платеници на маршот кон Москва, кој во саботата изгледаше како почеток на граѓанска војна (загинаа и неколку пилоти на руските воздухопловни сили), шефот на платениците на Вагнер беше „засолнет“ во Белорусија. Наводно, на иницијатива на белорускиот претседател АЛександар Лукашенко.

Како што веќе рекоа неколку угледни аналитичари, Евгениј Пригожин треба да внимава на отворените прозорци во наредните денови. А за тоа сведочи и споменатото интервју. На видеото новинарот го прашува Владимир Путин дали е склон да простува и дали може да им прости на луѓето околу него.

„Да, ама не сѐ…“, одговара Путин.

Што не можеш да простиш?, го праша новинарот.

„Предавство“, рече Путин.

„Нема сомнеж каква судбина го чека шефот на Вагнер“, мрачно се заклучува еден коментатор.