Во Трогир (Хрватска) денеска имало пукање во кое едно лице е повредено.
Како што соопштија од ПУ Сплит-Далмација, околу 12:15 часот во Трогир од огнено оружје е повреден маж.
Со возило на брза помош бил пренесен во сплитската болница за да му биде укажана лекарска помош.
– Во овој момент се трага по сторителот и се врши истражување. Местото на инцидентот е обезбедено и ќе се врши увид – информираат од полицијата.
Медиумите наведуваат дека мажот бил застрелан во главата и дека полицијата го има идентитетот на осомничениот. Сите расположливи сили се насочени кон потрагата. Како што неофицијално дознаваат, станува збор за поранешен полицаец кој веќе е приведен поради семејно насилство и несогласувања со сопругата.
Тешко ранетиот е префрлен во сплитската болница. Неговата состојба е критична и во овој момент не е сигурно дали ќе преживее, пишува далматинскиот портал.
Неофицијалните информации велат дека инцидентот се случил на Пут Драгулина, улица која води кон запад од центарот на градот и Полициската станица, информираат од Слободна Далмација.