Саша Поповиќ во една прилика зборуваше за пророштвото на баба Ванѓа, а се осврна и на страшниот абортус на неговата девојка што и се случи.

Меѓу другото, Ванѓа тогаш му кажала на Саша дека ќе стане директор на голема музичка компанија, дека ќе умре од природна смрт на 86-годишна возраст и дека нема да се жени во следните шест години, иако имал девојка.

– Во тој момент мојата избраничка беше бремена во четврти месец. Ја прашувам Ванѓа: „Па Ванѓа, како нема да се оженам кога девојка ми е трудна?“, а таа ми одговари: „Од таа девојка нема ништо, ниту тоа дете ќе се роди“. На петти јануари следната година раскинавме. Не можам да кажам за која девојка станува збор, но се се случи како што рече пророчицата. Се случи и според нејзиното пророштво, да се оженам за Сузана сна 48 години и да најдам мир со неа – признал поранешниот косопственик и директор на „Гранд продукција“, на кој сериозно влијаеле зборовите на баба Ванѓа.

– Како што минуваа годините, се што таа кажа почна да се остварува. Сè повеќе го сфаќав значењето на она што ми го кажа. Деведесет проценти од работите ги погоди, а бидејќи тие десет проценти остануваат за сомнеж, морам да признаам дека се надевам дека згреши за тоа на колку години ќе умрам, низ смеа изјави Поповиќ.