Неверојатен сплет на околности довел до тоа да пијаниот Марко С. влезе во погрешен стан и спиел со туѓа сопруга. Грешката ја сфатиле дури кога тој ја нарекол со погрешно име, а на крајот од сето тоа бил и претепан од нејзиниот сопруг…

Необичен случај доаѓа од Германија, поточно од судот во градот Вирцбург. Сè се случило во мај минатата година, кога една жена (62) го повикала својот познаник да преноќи во нејзиниот стан по едно негово вечерно излегување, а му понудила и секс, пишува магазинот Феникс.

– Да го „продадеш“ ова на некого како филмско сценарио, ќе го отфрли и ќе каже дека е невозможно – вака вишиот јавен обвинител го сумираше случајот.

А приказната оди вака, 48-годишниот Марко отишол да ја посети својата 62-годишна пријателка Сандра С. во Вирцбург. Пред тоа бил на забава. Таа му испратила СМС порака: „Клучот ти е над сандачето, дојди кога сакаш“.

И тој дошол. Со 1,8 промили алкохол во крвта. Влегол во погрешен стан, кај соседот. Било доцна во ноќта и сите светла биле исклучени, а Марко завршил во кревет со друга жена, 33-годишна сосетка.

Жената која во тој момент лежела во кревет помислила дека дошол нејзиниот сопруг и дека двајцата спиеле заедно – Марко мислел дека таа му е познаничката која претходно го повикала, а 33 годишната жена дека тој и е сопруг. Грешката ја забележале дури кога мажот и се обратил на жената со „Сандра“.

Стоеше гол пред мене, кошмар

– Веднаш го оттурнав и го запалив светлото. Стоеше гол пред мене. Тоа беше мојот кошмар – изјавила жената на суд, пишува германски Билд. Потоа таа врескала за помош. Нејзиниот сопруг притрчал и го претепал мажот со помош на негови пријатели.

Случајот против мажот кој спиел со погрешна жена е прекинат во понеделник на суд и мора да плати 2400 евра оштета иако и тој е жртва во целата приказна бидејќи бил претепан од сопругот на жената со која спиел.