Вчера во доцните вечерни часови почина младата српска актерка Маријана Стеваниќ од Параќин

Нејзиниот сопруг Бранислав скршен од болката за трагичната загуба на сопругата објави на својот Фејсбук профил заедно со заеднички фотографии.

“Извини љубов, овој пат не успеав на време. Ти не си родена за овој свет. Тој не те ни заслужил”, напишал тој.

Во коментарите, бројни пријатели и следбеници одговорија да понудат утешни зборови.

Освен со глума, Марија се занимавала и со танцување, рецитирање, а работела и во студио за тетовирање.

Од неа се простија членовите на семејството, пријателите и познаниците. Таа ненадејно починала вечерта, а причината за смртта не е позната.

Покрај сопругот Бранислав, оставила и две мали деца со кои живеела во Параќин.