Над 140.000 луѓе се забавуваа на Ултра музичкиот фестивал во „најлудиот град на планетата“, а во Сплит ќе бидат до 9 јули, кога „журкачите“ ќе се преселат на хрватските острови, пишуваат хрватските медиуми.
Фоторепортерите снимија секакви комбинации на млади лица кои дојдоа да се забавуваат во Сплит. Имаше навистина сè, од костимите на егзотичните танчери, каубои, Индијанци, па дури и „свештеникот и чесната сестра“, кои заедно чекореа кон сцената.
На главната сцена ќе настапат Adam Beyer, Afrojack, Alesso, Axwell, Boris Brejcha, Carl Cox, Charlotte de Witte, DJ Snake, Enrico Sangiuliano, Fedde Le Grand, Gryffin, Hardwell, HI-LO, Martin Garrix, Mathame, Morten, Nora En Pure, Oliver Heldens, Steve Aoki, Tchami, Zedd, Timmy Trumpet, W&, Nicole Moudaber, Juliet Fox, Ginchy, Maz, Masano, Millean, Pero Fullhouse, Rory i Tomo in der Mühlen.
Погледнете дел од атмосферата таму: