Во белградската населба Сремчица синоќа во раните вечерни часови имало брутален напад од куче врз 4-годишно девојче, на кое забите на животното му го распарчиле стомакот. Инцидентот се случил кога девојчето заедно со родителите дошло да го нахрани кучето во сопственост на нивен роднина.
– Во еден момент кучето му се доближило на девојчето и почнало да ја гризе рацете, нозете и стомакот. Таткото и мајката потоа скокнале, ја одвоиле ќерката од бесното животно и така и го спасиле животот – вели добро упатен извор за Информер.
Родителите на девојчето веднаш го ставиле детето во автомобилот и се упатиле кон Универзитетската детска клиника во Тиршова, каде лекарите ја оперирале набрзо по приемот.
Д-р Александар Стијачиќ од Итна помош за РТС утрово изјави дека нападот се случил вчера околу 19 часот и дека родителите итно го пренеле детето на Универзитетската детска клиника во Тиршова.
-Имаше многу брутален напад на четиригодишно дете, со забите му го откорна стомачниот ѕид и од телото му беше изваден дел од дуоденумот – изјави д-р Стијачиќ.
Таткото веднаш го ставил детето во кола со мајката, се јавиле во итната медицинска помош и педијатарот детално и објаснил на мајката што да прави – да извади се што има на себе, да ја притисне раната, за да застане крварењето.
– Алармирана е детската клиника во Тиршова да ја подготви хируршката сала. Немаше причина болничарите да ги пресретнат, ќе беше губење време, детето веднаш влезе во операционата сала на процедура – рече тој. Д-р Стијачиќ апелираше да се биде внимателен бидејќи напади се случуваат се почесто, иако ретко од нив се вака брутални.