Килијан Мбапе деновиве беше во посета на Камерун, од каде има потекло по таткова страна. И кога доаѓа една таква светска ѕвезда тогаш цел Камерун е на нозе, посебно војската и полицијата а станува збор за посета на еден фудбалер кој во последно време не е баш омилен, посебно не кај фановите на Реал Мадрид и раководството на ПСЖ.

Килијан Мбапе и ова лето е топ тема во фудбалскиот свет. Францускиот репрезентативец се поврзува со ново заминување од ПСЖ откако одби да го продолжи договорот и за сезоната 2024/25 по што во редовите на „светците“ владее хаос.

Францускиот тим на својот најдобар фудбалер му даде ултиматум од две седмици да се одлучи дали сака да остане во тимот или да замине, а додека ја носи својата одлука феноменалниот голгетер се наоѓа во Камерун каде има најголеми државни почести.

Сцените од улиците брзо ги преплавија социјалните мрежи, а на видеата може да се види конвојот на возила кои го пренесуваат Мбапе. Во релативно несигурната Африка властите на Камерун се одлучија со специјалци на полицијата и војската и блиндирани возила да не остават ништо на случајноста.