Нова трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше обелдоенето дека починал 19-годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром.
Станува збор за Андреј Петрески со прекар „штурче“, играч кој целата кариера ја мина во овој клуб и во новата сезона требаше да се натпреварува во елитното македонско ракометно друштво. Тој починал во својот дом, а членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром се во шок од овој трагичен настан.
Попладнево од 12:30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески. Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Камник.