Пејачот Дарко Радовановиќ трагично почина пред 12 години, а многумина се уште се сеќаваат на него и го негуваат неговиот спомен. Една од нив е Ивана Селаков, која освен што му е пријателка, со него има и дует кој е популарен и денес.
Ивана сега откри дека семејството на Дарко неодамна било погодено од уште една трагедија – неговиот татко починал.
– Она што ми ја одбележа кариерата секако беше дуетската песна со Дарко Радовановиќ. Имавме планови да пееме заедно, да настапуваме, тој имаше планови за сериозни концерти, за жал прекратка дружба и пријателствоа. Тоа беше најтрауматичното искуство за мене. Мислам дека тој човек можеше да направи уште многу, многу работи – изјавила Ивана
Пејачката потоа ја соопшти тажната вест од семејството на починатиот пејач.
– Неодамна ѝ се јавив на неговата мајка да изразам сочувство, бидејќи слушнав дека таткото на Дарко починал. Повремено слушам со неговата сопруга, откри Ивана.