„Немав мотив да извршам убиство. Во последно време добиввав сериозни закани по мојот живот од жртвата. Имаше два насилни инциденти врз мене од страна на жртвата и надвор од бензинската пумпа повторно бев нападнат од жртвата“.

Вака ѝ рекол на полицијата 45-годишниот маж со албанско потекло кој во четвртокот напладне пред бензинската пумпа во областа Аналипси во Солун го застрела 50-годишниот албански државјанин.

Насилникот, кој се предал денеска, околу 16 часот и 30 минути, во присуство на неговиот адвокат Танасис Алексопулос, на полицијата и укажал каде го оставил автомобилот што го возел вчера попладне и каде го оставил оружјето со кое ја убил жртвата.

На видеото се гледа како жртвата се расправа со возачот на автомобилот, а потоа жртвата се обидува да го удри со синџир. Потоа ги прима истрелите и паѓа на тротоарот.

Според информации, убиецот има хематом и набиеници на главата од напад што го добил од оштетениот со предмет, надвор од бензинската пумпа и поради ова е наредено вештачење.

„Со предупредување дека она што ми го кажува мојот клиент произлегува од списите на предметот, изјавувам дека ја презедов неговата одбрана“, рече г. Алексопулос, нагласувајќи дека 45-годишниот немал намера да избега од апсење.