Некогашната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, каде и да се појави ги привлекува машките погледи. Така беше и летово во нејзината татковина Црна Гора, каде што традиционално го минува летниот одмор.
Едно од најдобрите десни крила во историјата на ракометот го покажа извајаното тело и не ги остави рамнодушни припадниците на посилниот пол.
Радичевиќ потекнува од црногорската Будуќност, потоа играше за унгарскиот Ѓер, Вардар, романскиот ЧСМ Букурешт, турскиот Кастамону, а сега е членка на словенечкиот првак Крим.
Со Вардар пет пати играше на завршниот турнир во Лигата на шампионите, три пати освои бронза, а два пати сребро во Будимпешта.