Меѓу многуте познати личности на финалето на Вимблдон, се издвои познатиот актер Бред Пит, а ако им се верува на неговите коментари од минатото, тој пристигна во Ол Ингланд клубот за да го бодри Новак Ѓоковиќ.

Двајцата најдобри светски тенисери Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз одиграа драматичен меч во финалето на Вимблдон, а по пет сета победи помладиот Шпанец.

Како и секоја година, Вимблдон го привлече вниманието на бројни познати личности, меѓу кои голем број од оние од светот на филмот како Бред Пит, Џејмс Нортон, Даниел Крег, Рејчел Вајс, Хју Џекман…

Многумина на социјалните мрежи се интересираа за кого навива Бред Пит во големото финале. Ако им се верува на неговите коментари од минатото, тогаш тоа е Новак Ѓоковиќ. Имено, Пит пред неколку години на новинар од Србија, кој работи во ТВ Прва, откри дека е обожавател на Новак Ѓоковиќ.

Исто така, како што пренесува Телеграф, Пит страсно се радувал при секој важен освоен бод на Ѓоковиќ. Тоа можеше да се види и за време на ТВ преносот, но во ретките моменти кога режисерот ќе ја покаже оваа актерска ѕвезда.