Иако надлежните апелираат, особено во летната сезона, кога сообраќајот е пофренкфентен, до возачите да не возат брзо, а возењето да го приспособат на условите на патот, некои апсолутно не се грижат за тоа.
Тоа го поткрепува и видеото од претекнување на возач од Црна Гора, кое буквално ќе ви ја заледи крвта во вените.
Како што е објавено на Инстаграм страницата „Подгорички времеплов“, возачот зад воланот на „фиатот“ на полна линија го престигнал возилото кое влечело глисер. Во тој момент еден возач налетал од другата насока и го снимил овој ни малку пријатен момент.
Возачот кој го направил прекршокот некако успеал да се врати на коловозната лента и за „тесно“ да го избегне најлошото.
Во коментарите под видеото, корисниците фрлаа „дрва и камења“ кон несовесниот возач, коментирајќи дека ваквото арогантно возење сега поминало без никакви последици, но дека следниот пат, доколку се случи, може да биде фатално.
Имаше и такви кои предложија да му се одземе возачката.