Седумнаесет годишен млад човек (2006) утрово загина во тешка сообраќајна несреќа што се случи кај Бјелина. Како што дознаваат тамошните медиуми, во несреќата загинал Владимир Симиќ.
Во директниот судир бил повреден уште еден возач кој бил пренесен во болницата во Бјелина каде му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан на лекување.
Несреќата во која учествувале три возила се случила околу четири часот на магистралниот пат Бјелина-Брчко.
На местото на настанот се испратени припадници на Територијалната противпожарна единица од Бјелина кои ги сечеле возилата за да дојдат до повредените.