Големиот број граѓани кои се упатија на море во Грција се соочуваат со стариот проблем. На граничниот премин Богородица се чека и до 2 часа за влез во јужниот сосед.
Според последните информации, огромни колони има на граничниот премин и шесте ленти за возила не се доволни за да се забрза протокот на сообраќај, јавува Макфакс.
Автомобилите се во застој до првата бензинска пумпа.