Еден човек колабрирал од жештината во трамвајот во загребската населба Дубрава. За жал и покрај сите напори да му се спаси животот, тој набрзо починал.
Наставниот институт за итна медицина на градот Загреб објави дека извештајот пристигнал во 13 часот. Утврдено е дека средовечниот човек немал пулс кога пристигнале лицата од брза помош.
Сведоци за весникот „Вечерњи лист“ наведуваат дека тој се тресел и не дишел. И покрај сите напори на лекарите човекот починла.
Во Хрватска, како и во Македонија, поради високите температури на воздухот, на сила е метеоролошки аларм.