Денес, околу 13.15 часот, 15-годишно момче, посетител на базенот во Спортскиот Центар „Косутњак“ изгубило свест, по што спасувачите го извлекле од водата неговото тело, но не успеале да го спасат.

Според тврдењата на обезбедувањето на базенот, детето скокнало од скокалница, при што паднало на задниот дел од главата.

“Тој скокна, некако напред, се сврте и го погоди задниот дел од главата. Сигурно изгубил свест поради тоа, а потоа моја колешка спасувач го видела како тоне. Таа скокнала и го извлекла од водата”, изјави работник од обезбедувањето за Блиц.

Од друга страна, според неколку очевидци, момчето скокнало од работ на базенот, а некој скокнал на неговата глава од скокалницата.

„Во едно сме сигурни, тој не скокна од скокалницата“, тврдат очевидци.

Една од жените додава дека детето кое било сведок на сцената детално ја опишало ситуацијата на таков начин што, според таа верзија, момчето паднало од работ и дека некој скокнал на неговата глава.

Според обезбедувањето пак, тој скокнал во базенот од скокалница и го удрил задниот дел од главата, по што се онесвестил и починал.