Мирнеса С. ќе мора во затвор на три години, беше одлучено со пресуда која во рекордно време беше донесена пред Судот во Штутгарт. Кражбата на милион евра на Мирнеса, која е по потекло од Босна и Херцеговина, се најде на насловните страници низ Германија и светот.
Според германските медиуми, 42-годишната жена сега е осудена на три години затвор, а казната можела да биде многу поголема. Теоретски, Минеса С. можеше да добие и до десет години затвор. Со оглед на тоа што на суд го признала делото и дала детално признание, казната е помала. Обвинителите и одбраната ќе се воздржат од жалба, пресудата е правосилна, јавуваат германските медиуми.
„Задоволни сме од оваа пресуда“, изјави за германските медиуми адвокатот на Мирнеса, Маркус Околисан.
„Да не се предадеше, да не дадеше никакви информации, да не го признаеше делото, ќе добиеше казна од пет-шест години. Што се однесува до тоа, таа направи се како што треба и тоа го ценеше и судот“, додаде аквокатот.
Мирнеса С. на 14 октомври минатата година украла 1,25 милиони евра готовина од фирмата за обезбедување во која работела. Таа потоа, како што објавија медиумите, побегнала во странство, а во јануари, сепак, им се предала на германските власти и била уапсена на аеродромот во Штутгарт.
„За жал, го направив тоа“, призна Мирнеса на суд и додаде:
„Штом влегов во автомобилот, се покајав за тој чин“.
Осудената жена кражбата наводно ја извршила заедно со двајца мажи. Еден од двајцата е веќе уапсен, а се уште се трага по 29-годишниот Роберто С.