Тежок инцидент се случи попладнево во албанскиот град Лежа, каде е убиен 42-годишен маж. Едно лице, идентификувано како Николин Марку Лекстакај, почина од истрели од огнено оружје.
Жртвата е на 42-годишна возраст, татко на три деца. Тој бил убиен од засега неидентификувани лица додека со безалкохолен пијалок во раката излегувал од маркет во Балдре. Жителите во моментот на инцидентот слушнале силни истрели од возило, додека познато е дека возилото било темно со црни стакла.
Се сомнева дека настанот е поврзан со убиството на бизнисменот Ардијан Никулај, настан кој ја шокираше Лежа на 19-ти април пред точно три месеци.
Полицијата се сомнева дека главниот мотив за убиството на Николин Марку Лекстакај во Лежа е крвната одмазда. Во изјава за медиумите од местото на настанот, директорот на локалната полиција Алфред Елези не даде други детали.
„Известувањето го добивме околу 18:30 часот. Формирана е истражна група и се работи на целосно документирање на случајот. Сè уште сме во рана фаза на истрага на случајот. Се сомневаме во крвна одмазда“, рече Елези.
Истражната група под водство на Обвинителството продолжува со работа за расветлување и документирање на околностите на настанот, како и откривање и фаќање на извршителите.