Две лица, државјанка на Словенија и државјанин на Србија, загинаа денеска во тешка сообраќајна несреќа, што се случи на патот Даниловград – Никшиќ, во местото Кујава во Црна Гора.

Во несреќата која се случила во 16 часот и 20 минути се повредени шест лица, јавува ТВЦГ. Како што јави Вијести, жртвите се Војин М.(85) и Ана Б.(73).

Во судирот учествувале камион и патничко возило.