Лео Меси имаше холивудско деби во САД, му донесе победа на Интер Мајами над Круз Азул со прекрасен гол во 94. минута од слободен удар.
Натпреварот меѓу Интер Мајами и Круз Азул беше во рамките на Лига купот во кој играат екипи од Северна и Централна Америка.
Стадионот беше распродаден одамна, сите го чекаа дебито на Меси. Тој во игра влезе во 54. минута заедно со Бускетс.
Интер Мајами имаше водство од првото полувреме со гол на Тејлор во 44. минута, во 65. минута Антуна изедначи на 1-1.
Вистинска ерупција се случи кога Меси во 94. минута постигна гол од слободен удар за победа на Мајами од 2-1. Тие што ги платија скапите карти не зажалија за вакво деби на нивната нова ѕвезда.
El primer gol de Messi con Inter Miami 🤯🤯👏👏
Messi scores in his first match with the club to give us the lead in the 94th minute. pic.twitter.com/pI7bYjEK63
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 22, 2023