Најмалку шест лица загинаа, а 8 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во западната турска провинција Афионкарахисар, јави Анадолија.
Минибусот, кој превезувал земјоделски работници, слетал во канал покрај патот во градот Пинаркаја во областа Чаи.
На местото на несреќата пристигнале бројни противпожарни екипи, Брза помош и полициски екипи.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.