Во Црна Гора денеска потона глисерот „Баракуда“ во близина на брегот на полуостровот Луштица, а сите девет лица на него се спасени.
Според информациите добиени од Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа на Црна Гора (УПСУЛ), таму од засега непознати причини почнал да тоне глисерот „Баракуда“, кој ги носи туристите во посета на Сината пештера, објави „Вијести“.
Две жени од уништениот глисер веднаш биле извлечени од морето и спасени, а потоа и останатите од „Баракуда“ биле спасени.
Според помошникот директор на УПСУЛ за потрага и спасување во море Жарко Лукшиќ, потонал глисерот „Баракуда“, официјално регистриран со капацитет од 11 патници.
Акцијата за спас на глисерот е во тек, но влечењето до најблиското адекватно место на крајбрежјето од каде би можело да се извлече „Баракуда“ во моментов е многу тешко поради големите бранови и силниот ветер.