Три нуркачки тима од Тигрите ги пребаруваат водите на Липковското езеро на местото на кое исчезнало 30-годишен маж, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што информираат од ЦУК, се работи за 30-годишен маж кој вчера исчезна во браната Глажња, Липковско.

Лицето коешто се информира дека е од село Никуштак вчера во езерото влегол од кај браната Глажња и оттогаш не излегол оттаму.

Случајот вчера бил пријавен во СВР Куманово при што била повикана и нуркачка екипа од МВР.