Италијанските медиуми вечерва јавуваат дека Јувентус и Челзи се пред голем договор за размена на своите напаѓачи.
Имено, како што јавува Sky, Ромело Лукаку (30) ќе се пресели во Торино, додека во Лондон ќе замине српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ (23).
Цената на Србинот Јувентус ја определува на 80 милиони евра, додека „сините“ за Лукаку бараат 45, па целата зделка како што јавува спортскиот новинар Џанлука Ди Марцио треба да биде затворена со тоа што Јувентус ќе го добие Лукаку плус 30 до 35 милиони евра.