Младиот Е.З.(28) од Нови Пазар е убиен во Украина, каде доброволно отишол да им помогне на ранетите и цивилите, јавуваат локалните медиуми од Нови Пазар.

– Нови Пазар е во шок, никој не знае како овој храбар млад човек завршил во Украина, но се знае дека претходно работел како обезбедување, а подоцна и се приклучил на Војската на Србија – изјави за агенцијата РИНА извор запознаен со случајот.

„Санџак лајв“ пишува дека Е.Зорниќ, како што неофицијално се дознава, го загубил животот во Украина додека „несебично пружал помош на ранетите и цивилите за време на конфликтот во оваа земја разурната од војна“.

Веста за неговата наводна смрт се појави и на украинската Фејсбук група „Барајќи луѓе за време на војната“, каде се бараат информации за членовите на неговото семејство во Србија.