Американските научници развија лек во форма на таблета кој при претклиничките тестови ги „уништи“ сите цврсти видови на рак и ги остави здравите клетки непроменети, пренесува германската новинска агенција dpa.
Научниците од City of Hope, една од најголемите американски организации за истражување и третман на ракот, објавија студија во вторникот во која детално се опишани првите резултати од „таблети за убивање рак“ AOH1996.
Лекот ја таргетира канцерогената варијанта на размножувачки клеточен нуклеарен антиген (PCNA) – протеин кој во својата мутирана форма е „клучен“ во репликацијата на ДНК и „поправката“ на сите „тумори кои се шират“, велат од City of Hope.
Линда Малкас, професорка на Катедрата за молекуларна дијагностика и експериментална терапевтика во Медицинскиот центар во Калифорнија, го развива лекот во последните 20 години.
– ПЦНА е како главен центар на аеродромски терминал кој содржи повеќе влезови на авиони, рече Малкас.
– Податоците сугерираат дека PCNA е единствено изменет во клетките на ракот, а овој факт ни овозможи да дизајнираме лек кој цели само на формата на PCNA во клетките на ракот.
Професорката ги нарече резултатите „ветувачки“ и рече дека истражувањето покажало дека AOH1996 може да го потисне растот на туморот кај клеточните и животинските модели, а првата фаза од клиничките испитувања на луѓе е во тек.
Таблетата се покажа како ефикасна во лекувањето на клетките кои потекнуваат од рак на дојка, простата, мозокот, јајниците, грлото на матката, кожата и белите дробови.
Тестиран е на повеќе од 70 клеточни линии на рак и е откриено дека селективно ги убива канцерогените клетки со нарушување на нормалниот репродуктивен циклус на клетките, според истражувачкиот центар.
PCNA претходно беше сметан за „недостапен за лекови“. Водечкиот автор на студијата, Лонг Гу, рече дека „никој никогаш не го таргетирал PCNA со лек бидејќи се сметало за неизводливо, но очигледно City of Hope успеал да развие лек за предизвикувачка цел“.
Студијата е објавена во списанието Cell Chemical Biology.