Девојчето чие видео од 2017 година стана вирално, покажувајќи како не може да ги контролира емоциите на првиот училишен ден, сега го заврши основното училиште.
Имено, девојчето Тина Милутиновиќ потоа стана хит на социјалните мрежи, бидејќи се расплака давајќи изјава за првиот ден во училиште.
„Ми се допадна и сум среќна затоа што се запишав во Првото училиште Обреновац“, рече таа низ солзи.
Тина вчера го заврши основното училиште и откри зошто прво одделение го започнала со солзи во очите.
„Веројатно од возбуда или од фактот што ми беше прв пат пред камерите, а во текот на овие осум години бев среќна што одев во ова основно училиште, научив многу работи, а наставниците нè водеа по вистинскиот пат“, рече меѓу другото Тина.
Објавувањето на видеото на кое е прикажано како Тина изгледа денес привлече големо внимание, а многумина не можеа да поверуваат дека веќе поминале осум години.