Мајката на српската пејачка Тина Ивановиќ почина денеска од срцев удар во Врњачка Бања, дознаваат локалните медиуми.

Мајката на популарната фолкерка била на лекување, но за жал не можела да се избори со болеста која ја мачела.

По тој повод, Тина во објава на Фејсбук сподели фотографија со нејзината мајка и многу потресена порача:

– Ја нема повеќе мајка ми, зошто отиде мајчице моја?

Тина тешко ја прими веста за семејната трагедија. Погребот ќе биде извршен во понеделник во Лешче.