На фејсбук групата „Здравство“, се споделува реакција за оброк составен од печени или пржени пиперки со парче сирење, кој бил даден за двегодишно дете кое лежи во детската болница Козле.
– Тотална негрижа. Веќе не тонеме, ПОТОНАТИ сме на дното. КАТАСТРОФА!, стои во објавата.
Сепак, во коментарите се јави мајка со име Марија, која вели дека пред два месеци со своето дете лежела во болницата и ова што се тврди е сосема спротивно од тоа што таа го видела и искусила во Козле.
– Јас со ќерка ми лежев пред два месеци 8-9 дена и ниту една поплака немам за Козле. Храната бече многу вкусна и секогаш беше топла. Беше сервирана во росфајтни тањири, виљушки, лажици нормални и цчисти, имаш грашок, мусака, шпагети, кифли со сирење, компир манџа, супа, чорба со пилешко, лебот секогаш беше тазе. Секогаш носеа топол чај со појадок или вечера, јогуртот беше вкусен, не беше вода како на клиника. Редовно чистеа, бришеа под, дезинфицираа, секој ден ВЦ то го чистеа, топла вода имаше нон стоп. Не знам од каде е оваа слика, но сосема е спротивно од тоа што јас го видов и искусив во Козле.