Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски стана татко. Веста ја сподели на друштвените мрежи.

„Кога детето ќе ја види светлината на денот, тоа е најубавиот момент во животот на родителите. Благодарам за храброста, пожртвуваноста и трпението Маринела, нека е здрава, среќна и благословена Бјанка. Благодарност до целиот тим во Клиниката за Гинекологија предводен од Д-р. Викторија Јовановска“, напиша Бочварски на Фејсбук.