Сопственикот на теретаната од Градачац, каде тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ работел како тренер, вчера по убиството на Низама Хеќимовиќ отишол на местото на злосторството, за да ја спаси нејзината деветмесечна ќерка.
– Да, го спасив бебето, беше на подот во локва крв. Сега е со мене, на безбедно е… Глетката беше морничава. Ја претепал својата несреќна сопруга до непрепознатливост. Се знаеме долго време, тој работеше за мене, никогаш немаше никакви проблеми. Не знам како се случи ова – изјави Џиновиќ.
Но, сега Џиновиќ се соочува со страшни закани на социјалните мрежи. Тој ја објави пораката што ја доби. Останува нејасно дали Џиновиќ претходно го поддржувал убиецот Сулејмановиќ, па можеби токму поради тоа ги добива овие закани по неговиот живот.
– Од вечерва на тебе е отворен ловот, само да знаеш – напишал човекот.
Како што можете да видите на фотографијата, му се заканува извесен Фехим Спахиќ, кој на Џиновиќ му испратила слика на која се гледаат пиштол и рамка со куршуми.