Пензионер од Неготино којшто се упатил кон денешниот протест за повисоки пензии бил смртно прегазен од возач од Романија.
Несреќата, според информациите од МВР, се случила утрово на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пункт Македонија.
„Патничко возило Volkswagen Golf со романски национални ознаки, управувано од Д.С.Ц. (41) од Романија, удрило во пешакот Д.С. (77) од Неготино“, велат од МВР.
Од здобиените повреди пешакот починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. На протестот на пензионерите за повисоки пензии му беше оддадена почит со едноминутно молчење.