Од четврток, 17 август, ЛИДЛ Србија воведе долгорочни пониски цени во својата внимателно избрана палета на производи. Тоа значи дека редовните цени на одредени производи ќе имаат пониска сума уште долго време, бидејќи покрај тоа што секогаш нуди асортиман на храна со најдобар сооднос цена-квалитет, ЛИДЛ инвестира и за да им обезбеди на своите потрошувачи уште повеќе поволно купување, објавуваат срспките медиуми.

Меѓу избраните производи, во првата недела од 17 август ќе најдете јогурти со пониска цена. Редовната цена на јогуртот Пилос отсега ќе биде 23,99 динари (12 денари) за 180 грама, 109,99 динари (55 денари) за 1 литар со 0,5% млечни масти, додека за 1 литар со 1,5% млечна маст цената е 114,99 динари (57 денари).

Литар јогурт „Шумадија“ од категоријата „Со љубов, домашен“, од 2,8% м.м. ќе чини 129,99 динари (65 денари), додека истата мерка за 4% м.м. чини 144,99 динари (72 денари).

Лидл постојано го поддржува куќниот буџет на своите потрошувачи, па така следната недела на листата на производи со пониски редовни цени ќе се додадат и нови производи – тестенини на долг рок.

Во следните недели пониски цени ќе имаат и чоколадите Fin Carré и производи од свежата пекара на Lidl. Така, овој модерен синџир со попусти гарантира уште поповолно купување.

Следете го флаерот и пронајдете ја секогаш актуелната понуда на Lidl на веб-страницата: www.lidl.rs.