Издрогиран возач во Романија денеска налета на група пешаци при што усмрти двајца, а повреди тројца. Загинаа 20-годишна девојка и 21-годишно момче, јавуваат тамошните медиуми
Очевидец за романскиот сервис на Радио Слободна Европа изјави дека 19-годишниот возач кој го управувал кабриолетот Мерцедес за влакно избегнал нов судир.
Несреќата се случила во областа Констанцa. По несреќата возачот побегнал од местото на несреќата, но набрзо бил уапсен. Тој бил тестиран со апарат за тестирање дрога и бил позитивен на кокаин, амфетамин и метамфетамин.
Поднесена е кривична пријава за убиство со умисла, нанесување тешка телесна повреда, напуштање на местото на несреќата и возење под дејство на алкохол или други опојни средства.