Ксенија Шеренговскаја (22) паднала од прозорецот на висока зграда во рускиот град Муринo во Ленинградската област, а нејзините родители се скоро сигурни дека нивната ќерка е убиена и за својата смрт го обвинуваат момчето со кое Ксенија се забавувала.
Според нејзиното семејство, девојчето живеело само во станот од каде се случила трагедијата, а нејзиниот живот бил прилично примерен. Таа неодамна нашла добра работа и започнала да заработува за пристоен живот.
Пред околу три месеци Ксенија започнала да живее со момче со кое се дружела подолго време со име Алексеј.
На денот на трагедијата, таа присуствувала на прославата на колективот во компанијата, а кога се вратила дома, Алексеј имал љубоморни испади, при што тие жестоко се скарале, пренесува порталот Readovka.ru.
– Откако се скараа, Алексеј тврди дека отишол во тоалет, а кога се вратил, ја пронашол девојката на прозорецот со намера да се самоубие. Тој ни рече дека истрчал кон неа и ја молел да се врати, но било доцна и според неговите тврдења, таа паднала од 15- тиот кат каде што живеела и останала мртва на самото место – наведува извор од полициската истрага.
На местото пристигнала и полицијата, а младиот човек бил уапсен истата вечер и бил видно потресен.
По долго испитување, тој бил пуштен дома.
Сепак, родителите на Ксенија сметаат дека тоа не е случајно и дека нивната ќерка е убиена, а како што велат, тие имаат снимка од видео надзор од лифтот, што наводно потврдува дека Алексеј ја удира Ксенија.
Соседите слушнале и расправии и викања, но никој не се осмелил да потврди дали станува збор за убиство или самоубиство.
Пријателите на Ксенија се сигурни и во вината на Алексеј, а истражните органи поведоа постапка против младиот човек.