Шокантен случај ја потресе Хрватска откако куче изгриза мало дете. Мајката и таткото раскажале како момчето и кучето си играле и претходно. Кучето никогаш не било агресивно, тврдат тие. И покрај тешките повреди кои ги шокирале, лекарите велат дека нивниот син ќе биде добро.
– Малиот влегуваше во дворот на соседот, цело време си играа. Се одвоив од него за секунда. Му реков да дојде дома, но малиот не сакаше да дојде. Човекот (соседот) ми го донесе во скут, кога го погледнав детето се шокирав, раскажува мајката на 5-годишното момче кое денеска во Загреб го каснало куче.
Детето си играло со кучето во дворот на сопственикот на кучето, како што било многупати досега, претходно потврдиле родителите и сопственикот. Откако денешната средба заврши со напад на кучето врз момчето, соседите веднаш повикале 911.
– Тие скокнаа и му помогнаа на детето. Целата усна, се беше отворено… не знам што да кажам – плачеше мајката.
Таткото на момчето додава дека неговиот син многу го сакал тоа куче. За нападот дознал од вториот син.
Средниот син ми се јави низ солзи и само ми рече „Тато, дојди брзо дома, брат ми го касна куче, половина од лицето му недостасува“. Во тој момент веднаш влегов во колата, долетав и видов дека малиот седи…. Му држеа крпа на лицето. Мислев дека не е ништо сериозно додека не ја извадив крпата, а потоа ми се отсекоа нозете – рекол таткото.
Родителите забележуваат дека токму сопственикот на кучето прв дошол на помош на момчето.
– Беше со него. Му се јавив на еден познаник кој живее до нашата куќа да дојде да ми помогне за да го однесам малото во Итна помош. Дојдоа соседи од сите страни, се крена цела улица – раскажуваше мајката на момчето низ солзи.
Докторката хирург Кораљка Хет изјави дека операцијата на момчето поминала добро и дека го реконструирале лицето најдобро што можеле. Операцијата траела еден час и процедурата била нешто потешка отколку што очекувале.
– Ќе биде неколку дена во болница, за нега на раните, услови за исхрана, а потоа следува период на опоравување од неколку месеци каде ќе се лекуваат лузните. Сигурно е дека по неколку месеци ќе биде потребна корекција – изјави таа.