Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пилион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Забрането е движење со возила, освен итните служби и возилата за помош на пат, и ќе остане во сила додека не се смири невремето, соопшти полицијата.

Сепак, некои возила беа однесени во морето од поројните струи. Драматичната снимка е објавена на социјалните мрежи.

Големи делови од градот Волос се под вода, куќи и продавници се поплавени, а патиштата се претворија во бесни реки.

Репортерот на државната телевизија ЕРТ рече дека во некои области водата достигнала висина од еден метар.