Дури четиринаесет деца останаа без родители во сообраќајна несреќа во градот Кокермут, Англија, во која загинаа 42-годишната Мишел Патинсон и Шон Милбурн.
Мишел зад себе остави шест деца, а Шон остави осум деца. Двајцата починале на самото место, а биле во возило „Форд“, кое било удрено од трактор.
Во автомобилот имало уште три лица, кои се здобиле со полесни повреди, биле пренесени во болницата, но нивната состојба не била животно загрозувачка.
Возачот на тракторот се здобил со полесни повреди, и бил пуштен на домашно лекување.
Шон имал осум деца, најмладиот имал само една година, додека најстариот имал 17 години.